Британскиот принц Вилијам е прогласен за најсекси ќелав маж на светот. Ваквата титула, принцот Вилијам ја доби во изборот на таблоидот „Сан“, кој за такво нешто направил интересно истражување.

Вработените на весникот анализирале написи и пребарувања на Гугл и ги барале оние што го содржеле клучниот збор „секси“. На тој начин дошле до резултатот дека принцот Вилијам во комбинација со зборот „секси“ се појавува во 17,6 милиони резултати.

Истражувањето е иницирано од хируршката група наречена „Лонгевита“, која се занимава со трансплантација на коса.

По принцот Вилијам, во првите пет најсексапилни ќелави мажи во светот следуваат Мајк Тајсон, Џејсон Стејтам, Питбул и Мајкл Џордан. Во топ 10 се и Флојд Мејведер, Џон Траволта, Брус Вилис, Двејн Џонсон и Вин Дизел.

Актерот Двејн Џонсон, познат по прекарот „Карпа“, ја коментираше титулата за најатрактивен ќелав маж на светот што ја доби принцот Вилијам.

Како по ѓаволите се случи ова, кога кралот Лери Дејвид се уште е жив?!? – се пошегува најплатениот актерот на светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.