Иако од неодамна и официјално Меган Маркл и принцот Хари не се веќе дел од кралското семејство, не престануваат да се пишуваат причини за нивното заминување.

Всушност, како што и самата Меган раскажала, таа не се чувствувала среќно и таквиот начин на живот не ѝ одговарал. Многу се зборуваше и за причините за нејзиното незадоволство, па за „главен виновник“ се смета, според пишувањата на странските медиуми, принцот Вилијам, постариот брат на нејзиниот сопруг, пишува „The Hollywood Gossip“.
Според сите информации досега, Меган од самиот почеток не била спремна на таквиот начин на живот. Иако јавноста и останатиот дел од кралското семејство беа сигурни дека Хари ја припремил за се, изгледа дека тоа не беше така. Како што пишува „The Hollywood Gossip“, таа мислела дека нејзината улога во тоа семејство ќе биде посилна и поголема.
Сепак, тоа што најмногу ја разочарало и разбеснило Меган е тоа што Вилијам не го испочитувал својот збор, кога ветил дека ќе биде секогаш покрај нив.

Инаку, веќе долго време кружеа гласини дека принцот Вилијам воопшто не бил за бракот помеѓу Меган и Хари.

Исто така, не треба да се заборави дека браќата имаа неколку несогласувања и кавги откако Меган влезе во нивното семејство. Иако во јавноста се во „добри односи“, прашањето останува „што се случило позади кралските врати“?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.