Најмладото дете на принцот Вилијам и Кетрин го направи своето деби на балконот на Бакингемската палата по воената парада во чест на кралицата Елизабета Втора.

Војводата од Кембриџ го држеше во раце својот 13-месечен син на неговото прво појавување на кралскиот балкон. Малиот Луи беше во друштво на неговите родители, како и братот и сестрата, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Детето носеше кратки панталони во кралско сино, во комбинација со бела кошула со везови во бојата на панталоните, бели чорапи и темно сини сандали.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.