Принцот Хари се чувствува многу лошо поради нарушените семејни односи и заради тоа не му оди лесно со сопругата Меган Маркл откако заедно со синот Арчи се преселија од Велика Британија во Лос Анџелес.
Близок извор за „Мирор“ изјави дека меѓу нив владее екстремна напнатост и дека водењето на новиот живот нималку не им е лесен.
Меган Маркл стана многу тивка. Мислем дека се чувствува многу лошо и се бори самата со себе. Се оддалечи од сите, стана интровертна и со тоа ги загрижи сите околу неа. Принцот Хари го мачат семејните односи, изјавува анонимниот извор и додава дека тоа трае од роденденот на Хари.
За ова веројатно придонел и крајот на некои од пријателствата на Меган, бидејќи со некои од најблиските луѓе повеќе воопшто не зборува, што ја погодува силно, исклучена од сè, повеќе не знае на кого може да верува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.