Принцот Хари и неговата сопруга Меган повторно се најдоа во центарот на вниманието на некои британски медиуми во врска со претстојното крштевање на нивната ќерка.

Меган Маркл конечно би можела да се појави во Велика Британија, а причината за ова е желбата на нејзиниот сопруг, принцот Хари, ќерката Лили да се крсти во неговата матична земја.

Малата Лилибет Дијана, која е родена на 6 јуни, сè уште не се сретнала со членовите на семејството на нејзиниот татко, а извор близок до војводите од Сасекс изјавил за „Дејли мејл“дека чинот на крштевање ќе биде совршена можност за тоа.

Принцот Хари, наводно, сака малата Лилибет, исто како и синот Арчи, да ја крстат во Виндзор. Семејството на војводата од Сасекс тогаш присуствуваше на церемонијата и тој се надева дека неговата баба, кралицата Елизабета Втора, и овој пат ќе присуствува на крштевањето на правнуката што го носи нејзиното име, Лилибет.

Понатаму, за принцот Хари е исклучително важно неговата баба, кралицата Елизабета Втора, да присуствува на овој чин, особено ако се земе предвид фактот дека девојчето го добило името по неа. Церемонијата е закажана да се одржи во замокот Виндзор, а токму во јули 2019 година беше крстен малиот Арчи, првото дете на војводата од Сасекс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.