Принцот Хари не планира да има повеќе од две деца. Во интервју со активистката за животна средина Џејн Гудал тој објаснува дека е уште позагрижен за иднината на Земјата откако во мај го добил своето прво бебе, Арчи.

„Но јас отсекогаш сакав тоа да биде така, дури и пред да имам дете и пред воопшто да се надевам дека ќе имам деца“, продолжи тој. Гудал ускокна со предупредување: „Не премногу“, на што Хари одговори: „Две, максимум“.

„Си-ен-ен“ вели дека интервјуто ќе биде дел од септемвриското издание на британски Вог, на 2 август, кое го уредуваше Меган како гостинка.

Друг аспект од изданието на Вог, исто така, предизвика наслови за драма меѓу кралските браќа: Инсајдер посочува дека Меган Маркл наводно рекла дека би изгледало премногу „фалбаџиски“ таа да се појави на насловната страница, но нејзината јатрва Кејт Мидлтон се појави на насловната страница на истото списание во 2016 година.

Дејли експрес додава дека на насловната се појавила и принцезата Дајана, и забележува дека некои аналитичари на кралското семејство го гледаат овој потег на Меган како шлаканица кон Кејт.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.