Принцот Филип денеска го слави својот 99 роденден. По тој повод е објавен портрет на кој принцот Филип позира со сопругата британската кралица Елизабета Втора.
Војводата од Единбург и кралицата на фотографијата позираат во градината на дворецот Виндзор, каде Елизабета Втора и Филип уште од март се изолирани поради пандемијата од коронавирусот.
Наместо голема прослава, принцот Филип својот 99 роденден ќе го прослави во друштво на сопругата кралицата Елизабета на интимна вечера во дворецот Виндзор, пренесуваат британските медиуми.
Инаку портретот кој денеска го објави Бакингемската палата е направен на 2 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.