Британскиот принц Филип имал сообраќајна несреќа во близина на имотот Сандрингам, соопшти Бакингамската палата.

Сопругот на кралицата Елизабета, кој има 97 години го управувал автомобилот, кој се превртел.

Војводата од Едингбург не е повреден, соопшти претставник на британското кралско семејство.

Принцот Филип се повлече од јавниот живот во 2017 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.