Откако пред пет дена кралското семејство јави дека принцот Чарлс (71) е заразен со коронавирус, сега англиските медиуми јавуваат дека се опоравил.

Кларенс Хаус потврди дека принцот Чарлс, по консултации со докторите, веќе не е во самоизолација. Кралското семејство нагласува дека синот на кралицата сега е здрав – изјавил портпаролот.

Принцот покажуваше благи симптоми на болеста, а откако се испостави дека има Ковид-19 беше во изолација и работеше од дома.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.