Бракот на принцот Чарлс и принцезата Дајана од Велс на “стаклени” нозе издржа полни 15 години. Во 1996 година кралицата во парламентот објавила дека принцот и принцезата се разведуваат и дека нивните синови секако ќе пораснат со подеднаква љубов од двата родители.

Дајана после разводот доби дозвола да користи дел од Кенсингтонската палата, 17 милиони фунти и слобода, но кралицата ѝ ја одзеде титулата “Нејзиното Височество” и така останала само Дајана, Принцезата од Велс.

Тоа значело дека никој повеќе никогаш не смеел да ѝ се поклони, а изгубила и разни бенефиции кои ги носи таа титула. Наводно 15 годишниот принц Вилијам после тоа ѝ ветил на својата мајка дека ќе ѝ ја врати таа титула кога ќе стане крал.

Иако тогаш изгледаше дека губењето на таа титула на Дајана ѝ донесе само слобода, тоа сепак не беше лесно. Некои сметаат дека титулата можеше да ѝ го спаси животот. Имено, членовите на кралското семејство кои ја имаат таа титула ги имаат најдобрите можни обезбедувања 0-24, па така би можела да ја избегне трагедијата и пијаниот возач кој ја одведе Дајана во смрт на 31 август 1997 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.