Претставата „Индиго” во Режија на Бранисла Лечиќ и текст на Душко Премовиќ, ќе биде изведена на 13 април со почеток од 19 часот во Домот на АРМ.

Во главните улоги се појавуваат Бранислав Лечиќ и две дами, Даница Максимовиќ и Марија Вицковиќ. „Индиго“ е приказна за животот на една жена во модерното општество, нивните стравови, интереси, цели и амбиции.

Бела (Марија Вицковиќ) и Ана (Даница Максимовиќ), работат во иста канцеларија долг низ години не знаејќи една за друга апсолутно ништо. Нивните приватни животи се распаѓаат во целост. Изгубени се, осамени и исцрпени од работата.

После многу расправии, навреди, подметнувања, лажни телефонски повици, се зближуваат и се бодрат една со друга, за да ги пребродат нивните проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.