Силно одекна во балканските медиуми веста за добрината на извесен Александар Миладиновиќ од Ниш (34), кој минатиот месец додека бил на пауза, на покривот на двојот автомобил нашол женска чанта полна со пари.

На паузата тргнав до мојот автомобил за да земам нешто од него. Над вратата кај возачот имаше оставена црвенкаста женска торба. Кога ја отворив имаше голем број на банкноти од по 500 евра. Се вознемирив бидејќи никогаш во мојот живот не сум видел толку пари. Не можам со сигурност да кажам, но мислам дека имаше над 50.000 евра во неа, изјавил Миладиновиќ за српските медиуми.

Како што раскажал тој, од торбата за кратко заѕвонел мобилен телефон на кој му се јавила жена која со вознемирен глас му објаснила дека ја изгубила чантата со многу пари.

Женски глас ме проколнуваше да ѝ ги вратам парите и ме праша каде се наоѓам. Не минаа неколку минути кога се појави на паркингот. Кога ме виде со торбата, почна да ме гушка и да ме бакнува. Ми кажа дека парите биле од продажба на имот кој го наследиле и дека требало да се поделат на неколку дела. Ми рече дека сум ѝ го спасил животот, се сврте и си замина, изјавил чесниот пронаоѓач кој додал дека потоа дознале дека жената била паркирана до неговиот автомобил, влегла и тргнала со својот кога ја заборавила торбата.

Приказната сепак има друга вистина

Арно ама не било така. Или било, но во бујната фантазија на нишлиецот желен за медиумско внимание.

Точно е дека Александар излегол на пауза и принашол, не женска чанта, ами празен паричник. Потполно празен. Исто како што пронашол на истото место и претходно, па тоа го инспирирало да му се јави на пријател-новинар и да му раскаже лажна приказна, плод на неговата бујна фантазија.

Колегите го пријавиле нишлиецот за лажната приказна, па во полиција тој признал се.

Еве што всушност се случило.

Александар признал дека кон крајот на февруари не пронашол чанта со пари, пишува Политика.

На информативнииот разговор во полиција изјавил дека на 26 февруари на паркингот случајно во тревникот покрај видел кожнен паричник во кој немало ништо, ниту пари ниту документи, но тоа го потсетило дека и претходно на истото место исто така нашол празен паричник. Сепак, во полиција признал и дек на пријателот-новинар му раскажал дка лани пред Велигден на истиот паркинг навистина нашол женска чанта на покривот на автомобилот, но то никому не го рпијавил, ниту на жената ниту на полицијата. 

Инаку, директорот на едно државно претприејтие, каде што е врааботен, врз основа на приказната за чесното дело, го наградил до свегодишен договор за работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.