Рибари што вчера ловеле на езерото Занесовиќи кај Бугојно, Босна и Херцеговина, се преплашиле кога, наместо голема риба, виделе дека во мрежата уловиле двометарска змија. За нивна среќа, фатиле беолоушка, вид неотровна змија што живее покрај реки, езера и мочуришта.

Поради нејзинната големина и шарите на главата, белоушката многумина ја мешаат со отровни змии, поради што и ги убиваат. Но, риболовците сфатиле дека се работи за неотровница, па ја вратиле во езерото, а фотографиите ги испратиле на „Дневни аваз“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.