Германска поранешна полицајка го привлече вниманието на јавноста откако обелодени дека преку ден работела во полицијата, а ноќе била проститутка.
Таа раскажа дека нејзината одлука била инспирирана од сексуалните работнички што ги запознала за време на работењето како полицајка.
Сара Келер, од Дуизбург, открива дека за прв пат на еротска забава била во 2011 година заедно со нејзина пријателка.
Се чувствував добро во полицијата, таа е добра работа, но чувствував дека нешто ми фали. Сакав да направам и други работи што ми причинуваа задоволство, како што се сексуалните игри. Уживам кога им командувам на мажите – вели Сара.
Сепак, Сара била избркана од полицијата, откако во јавноста се појавиле фотографии со сексуална содржина во групата полицајци на апликацијата „Ватс Ап“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.