Младиот брачен бар Мартин и Бети направија гест кој секогаш ќе биде запаметен, бидејќи парите собрани од својата свадбена веселба ги донираа за Никола Новоселски (32), кој пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сеуште се опоравува.

Новоселски се здоби со тешки телесни повреди на главата кои предизвикаа трајни последици и се уште се наоѓа во коматозна состојба, без можност да се движи и зборува. По краткото неуспешно лекување во клиниките низ Македонија, беше пуштен на домашно лекување во видно влошена здравствена состојба по што следуваше макотрпна секојдневна борба на неговите најблиски да му овозможат адекватна нега и лекување во домаши услови и на свој трошок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.