Претседателот на Русија, Владимир путин денеска е во посета на Србија. По слетувањето на белградскиот аеродром го дочека претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Околу 16 часот на плоштадот кај хотелот „Москва“ се собра голем број на граѓани од цела Србија, кои во знак на поддршка потоа пристигнале пред храмот „Свети Сава“, кој Путин исто така попладнево го посети.
Кај храмот, измеѓу останатите, се појавила и пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ, која дошла да го поздрави Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.