Ен Далгас, вдовицата на Кирк Даглас и маќеа на актерот Мајкл почина вчера во Калифорнија. Пред една недела таа го прослави својот 102 роденден.
Нејзиниот сопруг, легендарниот актер Кирк Даглас почина во февруари 2020 година на 104 години. Парот се венчал во 1954 година откако се запознале во Париз за време на снимање на филмот „Act of Love“.
Двајцата ги имаат синовите Питер кој е продуцент и Ерик кој е актер.
-Често се прашувам што би се случило да не се венчав со неа. Можеби не би преживеал без нејзината смисла за хумор и искрен инстинкт, изјавил во една прилика Кирк Даглас.
Мајкл истакнал дека таа го извлекувала најдоброто од сите нив, особено од неговиот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.