Група жители на Неапол влегла во дворот на едно локално училиште и правела скара и покрај мерките за општ карантин, кои се на сила во Италија поради пандемијата на вирусот на ковид-19.

Полицијата трага по луѓето кои за римокатоличкиот Велигден во понеделникот, на 13-ти април, донеле маси и столчиња во дворот на едно училиште во Неапол и правеле скара во екот на пандемијата, пренесуваат италијанските медиуми.

Немам зборови, вие сте тоа што не чини во овој град”, навел локалниот службеник Иво Поџиани на Фејсбук по повод инцидентот.

Италија, една од најтешко погодените земји од ковид-19, ги продолжила мерките на општ карантин до 3-ти мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.