Флавио ди Муро, пратеник на Северната лига во Италија, за време на говор на седница на Парламентот, извади прстен и ја запроси својата колешка од истата институција, Елиза де Лео.

Елиза, ќе се омажиш ли за мене? – праша Ди Муро.

Девојката, инаку, е од истата партија.

Неговите колеги од партијата со симпатии го проследија тој потег и го поздравија со ракоплескање.

Претседавачот со седницата, сепак, имаше помалку разбирање за тоа и замоли да се запази редот во собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.