Големата свадбена веселба што требало да се одржи минатата сабота во селото Честин, кај Крагуевац, Србија, заврши пред да почне.
Младоженците, Јана и Златко, и двајцата во четириесетите години, само му пришле на „лудиот камен“, но не го згазнале, пишуваат српските медиуми.
Младоженецот во последен момент се предомислил, избегал во Белград, оставајќи ја невестата и сватовите. Ноќта пред венчавката, во близина на манастирот Каменац, избувнала расправија помеѓу роднините на невестата и младоженецот, по што тој избегал во раните утрински часови на самиот ден на венчавката.
Гостите повикот за откажаната свадба го добиле на пат кон манастирот, па многумина се вратиле на половина пат. Печеното прасе веќе било расечено и подготвено, но за среќа, брзо се продало, пијалокот бил вратен, па сватовите не претрпеле голема материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.