Познатиот њујоршки хотел Валдорф Асторија, еден од најпрестижните во светот, ќе понуди 80.000 свои предмети на аукција пред продолжувањето на реновирањето.
Целосното реновирање на хотелот почна во декември 2017 година. Се очекува тој повторно да биде отворен за две до три години и ќе вклучува 375 апартмани и 375 соби – изјави Ендрју Милер, извршен директор на фирмата „Даџија УС“, која управува со „Валдорф Асторија“.
Од отворањето во 1931 година, хотелот е домаќин на елитата – политичари, глумци, кралски семејства…
Аукцијата ќе почне на 17 октомври, а ќе заврши на 15 ноември, се наведува во соопштението. Целиот приход ќе се искористи за обновување на храмот Свети Вартоломеј, кој се наоѓа спроти хотелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.