За Екатерина Диденко, руска „инфлуенсерка“ и сопруга на трагично починатиот богаташ Валентин, нема утеха. Немало спас за познатиот ИТ експерт и двајца други гости, откако на нејзината роденденска прослава се обиделе да изведат “трик“ во базен. Неколкумина завршиле во болница по изненадувањето што го подготвила домаќинката, а за жал за некои последиците биле фатални.

 

View this post on Instagram

 

КОРОНАВИРУС Листай галерею->

A post shared by Я Катя, аптечный РЕВИЗОРРО (@didenko.katerina) on


За својот 29 роденден, што го прославила во изнајмен луксузен комплекс во Москва, таа подготвила специјално визуелно изненадување. Во базен ставиле 25 килограми сув мраз, што е всушност цврст јаглерод диоксид. Кога почнал да се топи, просторијата се исполнила со јаглерод диоксид, односно „магла“. Неколку секунди подоцна, почнале да се гушат и онесвестуваат. За три лица, нејзиниот сопруг и уште двајца пријатели, немало спас, починале на лице место. А бидејќи станува збор за роденденска забава, сè е снимено и објавено на Интернет.



Полицијата покренала истрага против славеничката, која има повеќе од милион и двеста илјади фанови, за предизвикување на смрт со невнимание, но и против сопственичката на комлексот која знаела што се планира.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.