Вселенскиот телескоп Хабл деновиве сними сцена која го одзема здивот – ефект на гравитациона леќа што е совршен пример за прстенот на Ајнштајн. Неговото официјално име е „GAL-CLUS-022058s“, но го добил прекарот „стопен прстен“.

Овој прекар е инспириран од два факти, локацијата на ефектот, но и од фактот дека тој навистина личи на стопен метален прстен. Имено, на сликата е прикажано јужното соѕвездие „Хемиска печка“ во која светлината на екстремно далечната галаксија свиткува многу поблиска група галаксии, пишува „Јуниверс тудеј“.

Една од предностите на гравитационата леќа е што овој феномен им овозможува на научниците подобро да ги проучуваат далечните галаксии, кои инаку би биле невидливи за нас. Поблиските масивни галаксии го искривуваат временско-просторниот континуитет според нивната гравитација и со тоа ги свиткуваат патеките на светлината слично на леќите. На овој начин тие делуваат како природни космички телескопи.

Во овој случај, гравитацијата на групата галаксии ја искривувала светлината на далечната галаксија и ја претворила во искривување, односно ја зголемила својата слика и ја истегнала во скоро совршен прстен. „GAL-CLUS-022058s“ е најголемиот и еден од најцелосните Ајнштајнови прстени откриени во нашиот универзумобјави НАСА.

Во рамките на неговата општа теорија на релативност, Ајнштајн претпоставил постоење на такви гравитациони леќи. Објектите како овие се идеални за проучување на галаксиите кои честопати се премногу слаби и далечни за да се видат без овој ефект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.