Еден обичен и рутински лет од главниот град на Авганистан, Кабул за Киев, Украина се претворил во спасување на животи на критичниот 15 август годинава кога првите луѓе на талибанското движење ја запоседнаа авганистанската влада.
Вака во интервју за „ТВ 24“ сведочи 61-годишниот македонски пилот, Јовица Рајхл, кој на кобниот ден полетал од Авганистан
Општиот хаос всушност настанал кога на аеродромот во Кабул се повлекле вработените во обезбедувањето на контролните пунктови. Тогаш, сведочи Рајхл, пред неговите очи се створиле речиси две илјади луѓе. Останал незабележан само поради тоа што, во тој момент, сосема случајно бил облечен во цивилна облека, а не во неговата пилотска униформа.
Како што пренесува „ТВ 24“, благодарение на стекнатото знаење летајќи ги сите типови цивилни авиони, овој македонски пилот и неговиот украински колега успеале да стигнат до главниот град на Грузија, Тбилиси. Којзнае дали би сведочел за стравичните глетки од Авганистан ако не било тоа негово повеќедецениско искуство како пилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.