Цеца Ражнатовиќ откри како ги преживеала деновите поминати во затвор во 2003 година, кога во полициската акција „Сабја“ беше уапсена поради поседување големо количество оружје без дозвола и злоупотреба на пари во ФК Обилиќ. Како што вели самата, тоа искуство не би му го посакала ни на најголемиот непријател, а 2003 година и’ останала во најгрдо сеќавање.

По притворот во 2003 година доживеав голема сатанизација на мојата личност. Доживеав неправда. Никому не му го посакувам тоа во животот, ни на најголемиот непријател. Јас на непријателите им посакувам да ја надминат омразата кон мене и да пронајдат мир. По домашниот притвор, исто така доживеав огромна непријатност и навреди. Фелјтони за мене! А никој не ја знае вистина освен семејството и моите вистински пријатели, што се случуваше, зошто се согласив на домашен притвор. Можеби ќе раскажам еден ден зошто морав да го направам тоа. Можеби ќе напишам и книга, за зачувам нешто и за себе“, раскажа пејачката, додавајќи во колкава мера да сменило ова лошо искуство:

Секогаш велам: не осудувај го човекот, не си во неговите чевли, не знаеш како му е! Можеби и јас порано ги осудував другите, но животот ме демантира, но сите сме луѓе и може да згрешиме, заклучи пејачката.

Пејачката истакна дека немала никаква привилегија додека била во домашен притвор.

Предност на носењето алка на ногата за време на притворот е што можеш да ги користиш сите ресурси во домот, т.е. на сиот свој имот, но јас морав да се движам искучиво во дневната соба и по вертикала до спалната. Знам дека Марко Мишковиќ и мојот пријател Мило Ѓурашковиќ, додека беа во домашен притвор, можеа апсолутно да се движат секаде во својот дом. Дури и да играат фудбал во својот двор, но јас бев осудена само на дневната и на спалната соба. Не ми беше дозволено да се шетам низ целата куќа, што е законски незамисливо. Никого не можев да пречекам на вратата, а имав две бебиња дома. Според законот, смееш да одиш два часа до градот, но и тоа не важеше за мене. Ако тргнам малку подалеку од пропишаната маршрута, веднаш ми се јавуваат и ми велат: ‘Го нарушивте радиусот на движење!’ Се иживуваа! Осум месеци седев на табуретка и на перници, заклучи пејачката за „Телеграф.рс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.