Војводката Меган и принцот Хари велат дека уживаат во магијата на родителството, но по се изгледа нивните дадилки не уживаат да го чуваат Арчи. Имено, парот за 6 недели сменил дури 3 дадилки. Уште не е познато дали дадилките дале отказ или добиле отказ.
Имено, британските медиуми јавуваат дека Меган и Хари во последно време губат послуга, а извор близок на кралскиот пар открил дека тие само сакаат да ја најдат „вистинската“ личност за нивното дете.
Истиот извор открил дека првата дадилка била и медицинска сестра и дека не се очекувало од неа подолго да остане во улогата на дадилка на Арчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.