После 102 дена во Нов Зеланд повторно се појави коронавирус заради што градот Аукленд повторно е ставен во карантин, јавува Блумберг.

Коронавирусот се појавил во едно семејство, а непознато е како здравствените власти сега ги следат контактите како би се спречило ширењето на заразата, изјави денеска премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден.

 Заеднички веќе го победивме вирусот. Повторно можеме и сега, порача таа.

Во Аукленд сега е прогласена состојба од 3 степен, што значи дека на луѓето им се препорачува да не излегуваат надвор и да избегнуваат контакти со другите. Во останатиот дел од земјата прогласена е состојба 2 што значи дека луѓето треба да се придржуваат на пропишаните мерки за дистанца како и за ограничен број на групирања на јавни места. Одредбата ќе трае три дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.