Четириесет и двегодишниот поштар, Едуард Викторович Никитин од Русија, доби затворска казна од 20 години за киднапирање на дете, кое го држел во заробеништво цели 10 години.

Несреќниот 19-годишник бил откриен сосем случајно. Кога полицаец од Москва забележал двајца мажи со запуштен изглед, побарал да се легитимираат. Момчето немало лична карта, но го кажало своето име и презиме. Во базата со податоци било откриено дека станува збор за Андреј Примак Викторович, дете кое било пријавено како исчезнато во 2007 година.

Се работи за дете кое растело во сифункционално семејство и кое почнало да пие и пуши на 9 години. Тој често бегал од дома, поради мајката алкохоличарка која го тепала. Затоа, кога исчезнал, сите мислеле дека повторно избегал самиот. Мајката го пријавила за исчезнат, но истрагата не водела никаде, по што таа се преселила во Украина, без да знае дека тој бил заробен недалеку од нивниот дом.

Андреј бил киднапиран од поштарот кој пренесувал пошта во неговиот регион. Го грабнал на патот до училиште и го затворил во својот стан на перифеирјата од Москва. Сексуално го злоставувал во текот на 10-те години.

Во станот, во соседната соба, живеела и мајката на Никитин, која никогаш ништо не пријавила. Покрај тоа, станот бил комунален, па го делеле со уште неколку други лица.

По неколку години поминати во станот со бројни емоционални и физички малтретирања, Никитин му дозволил на тинејџерот да почне да излегува од домот. Андреј никогаш не се обидел да побегне. Имал заборавено на своето потекло и на името и изгледот на неговите родители.

Кога го пронашле, уште не знаел да чита и пишува.

Соседите сведочеле дека го гледале поштарот со детето, но дека ништо не укажувало на несоодветен однос или гнасно злосторство.

За време на изрекувањето на пресудата, судијата рекол дека животот на младиот човек е целосно уништен и дека тој никогаш нема да може да залрепне од ужасите кои ги доживеал.

Момчето во текот на годините не можел да сфати дека неговиот однос со Никитин не е нормален и сега ќе мора да го почне животот отпочеток со помош на стручни лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.