По разделбата со Илон Маск, канадската поп-пејачка Клер Елис Буше, позната како Грајмс, вели дека планира да замине во вселената и да стане лезбејка.

Грајмс, која има едногодишен син со милијардерот и сопственик на компанијата „Спејс-Икс“, се пошегува дека „ќе ја колонизира Европа (една од месечините на Јупитер) за лезбејска вселенска комуна, одделно од Маск“. Се чини дека пејачката успеа на шега да одговори на договорот на компанијата на Маск со НАСА, вреден 178 милиони долари, што им помогна да стигнат до Јупитеровата месечина Европа (засега, само со беспилотно летало), во обид да дознаат дали таму има живот или не.

Минатата седмица беше објавено дека двојката ја прекинала три годишната врска. Илон (50) тогаш рече: „Сѐ уште се сакаме, често се гледаме и имаме одличен однос“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.