Поранешната членка на мегапопуларниот женски бенд „Спајс грлс“, Мелани Браун позната како Мел Б, итно е пренесена во болница откако го загубила видот. Пејачката е однесена на испитување во една болница во Лондон.
Британските медиуми пренесуваат дека на 43 годишната Мелани и се слошило додека била во својот дом и дека нејзиното семејство веднаш повикало Брза помош. Мелани повторувала само дека „ништо не гледа“.
Пејачката пред десетина години ласерски се обидела да ја намали диоптријата, но откако операцијата тргнала во лош правец таа трајно го загубила видот на левото око. Но, сега Мелани се пожалила дека не гледа ништо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.