Тој не е ни прв ни последен, но очигледно е дека ретко кој фудбалер бил толку многу високо рангиран… И веројатно се сеќавате на него по неговиот прекар “Коке“.

Серхио Контрерас е од Андалузија, а пред неколку години во Грција ја заврши својата кариера, најпознат како фудбалер на Марсеј и Спортинг Лисабон. Играл и за грчкиот Арис, во МЛС лигата, а една сезона и во Боливија.

Тоа очигледно е и клучот на целата приказна затоа што Коке бил уапсен со еден тон дрога, од која поголемиот дел хашиш, а кај себе имал речиси еден милион евра.

Затворени биле вкупно 20 луѓе, а како што соопштила полицијата токму Коке бил шеф на тој нарко клан.

Инаку, акцијата е наречена “Операција МасКоке“ што е дел од прекарот на Контрерас и покажува дека целата истрага била насочена кон поранешниот фудбалер.

Коке во кариерата со Малага го освоил Интертото купот, со Марсеј титула, а има освоено и куп на Грција со Арис.

точка.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.