31-годишниот Мартин Стојаноски од Прилеп, кој до минатата година работеше како пожapникар во Територијалната пpoтивпожарна единица Прилеп, денеска направи подвиг кој долго ќе се памети.
Денеска околу 12 часот во куќа на улицата “Никола Тесла” бр.8 избувна пожap кој ја зафати кујната, а во моментот во куќата останала зapoбена една повозрасна жена.
Соседите пријавиле во ТППЕ, но во меѓувреме пристапиле кон гаснење на пожapoт. На местото се погодил и Стојаноски кој додека соседите го гаснеле пожарот од надвор, влегол во куќата и во последен момент ја спасил жената и ја извлекол на безбедно.
Кратко потоа пристигна и екипата на ТППЕ.
Стојаноски беше вработен како пожарникар со решение на неопределено работно време до 05.08.2019 година, кога како што вели бил отпуштен од работа од локалната власт.
Младиот прилепчанец од 2015 година професионално ги обавувал своите работни обврски во службата, учествувал во гаснење на многу пожари и секогаш им помагал на луѓето кои биле во опасност.
Денеска одново ја покажа својата пожртвуваност, овојпат како цивил спаси човечки живот!
Нека ова сторија биде апел до локалните власти, затоа што се работи за млад човек кој допрва може и има што да понуди во службата.
извор Маркукуле.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.