80-годишниот пензиониран агент на МИ5, Џон Хопкинс имаше во јавноста низа запрепастувачки исповеди откако бил пуштен од болница во Лондон, каде му рекле дека му преостанале уште неколку недели живот.
Хопкинс тврди дека бил вклучен во 23 убиства за британската разузнавачка служба во периодот меѓу 1973. и 1999. година вклучувајќи го и убиството на принцезата Дајана.
Господин Хопкинс кој работел за тајната служба МИ5, 38 години како оперативец, тврди дека често работел како платен убиец од страна на агенцијата, за дискретни атентати кои се сметаат за закана за внатрешната безбедност на Обединетото кралство.
Обучен и како инженер за електроника и стручњак за стелаштво, господинот Хопкинс тврди дека има големо искуство во неконвенционалните методи на убиства и разорувања, вклучувајќи и хемикалии и отрови.
80-годишниот Британец тврди дека бил вклучен во атентатите кои ги извршил МИ5 во периодот од јуни 1973. и декември 1999. година, во период за кој самиот вели дека МИ5 работела со „помал надворешен надзор“.
Хопкинс вели дека бил дел од келија составена од седум оперативци на кои им биле доверени политички убиства во цела Велика Британија. Поголемиот дел од жртвите биле политичари, активисти, новинари и синдикални лидери.
Господин Хопкинс рече дека Принцезата Дајана била единствена жена меѓу неговите жртви, токму затоа што само таа била единствена жена која некогаш била убиена и како единствена од кралско семејство. Таа воедно е и единствена жртва, чие убиство го нарачало самото кралско семејство, пишува YNW.
Тој тврди дека се чувствувал „амбивалентен“ во врска со смртта на принцезата Дајана. од една страна, Дијана била „убава и љубезна жена“ која не заслужува да умре. Но, според господин Хопкинс, таа ја ставила британската круна во опасност:
-Знаеше премногу тајни на кралското семејство. Имаше големи забелешки и сакаше да излезе во јавност со сите тие „диви тврдења“. Мојот шеф ми рече дека таа мора да умре, а наредбата ја добил право од принцот Филип. И моравме тоа да го сториме да изгледа како несреќа. Јас никогаш порано не сум убил жена, а уште помалку принцеза, но ја послушав наредбата. Го направив тоа за Кралицата и за земјата, вели Хопкинс.
Следната фаза на заверата на високо ниво ги вклучуваше медиумите, под цврста контрола на Кралската палата кои меѓусебно си разменуваа скриптирани (идентични) вести, за да ги заокружат своите приказни и се погрижија сите медиуми да бидат на иста страна. Тоа беше добро изведена операција.
-Британските новинари им се одговорни на уредниците, кои пак им се одговорни на олигарсите кои сакаат да станат витези на кралското криминално семејство од Бакингамската палата. нема слободен печат во Британија, рече господин Хопкинс.
-Се извлековме со тоа убиство.
80-годишниот поранешен агент последните недели ги помина дома и рече дека очекува да биде одведен во притвор по ова негово признание, но вели: „Не можам да речам дека многу се грижам за тоа.“
Хопкинс објасни дека истрагата за аферата би траела „засекогаш“ и би била „мошне сложена“, бидејќи постојат само неколку пишани траги околу тајните активности на МИ5 и „поголемиот дел од моите колеги веќе се мртви“.
Најважниот сведок во случајот на господин Хопкинс е неговиот шеф кој починал од срцев удар во раните 2000 и принцот Филип кој никогаш нема да биде обвинет за било што, се разбира.
-Ако принцот Филип било кога дозволи да го анализира психијатар сигурен сум дека дијагнозата ќе биде-психопат. Тој ги има сите тие мрачни особини, вели Хопкинс.
На прашањето зошто не ја одбил задачата, или не ја разоткрил заверата во тоа време, тој објасни: „Агентите на МИ5 се заколнати на верност на круната и не можеме да бидеме непристрасни кога е во прашање кралското семејство. Во најдобар случај би бил обвинет за предавство, а во најлош случај принцот Филип би смислил страшна судбина за мене.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.