Британката Луси Досон со месеци била држена на психијатриски оддел, поради погрешно поставена дијагноза. Денеска, оваа 24-годишна девојка е успешен модел, пишува „Мирор“.
Луси, која била нормална студентка што сака да се дружи и забавува со своите пријатели, ја добила првата интензивна болка во главата пред четири години, кога што започнале нејзините проблеми. Станала депресивна и почнала времето да го поминува само во кревет.
Следеле две манични епизоди. Прво ја растурила целата соба, почнала истовремено да плаче и да се смее, вриштела дека никогаш нема да најде момче. Тогаш родителите ја одвеле во болница, а по пат Луси се обидела да се фрли од автомобилот во движење, а потоа ги истргала и завесите во болничката чекална.
View this post on Instagram
Била пренесена на Психијатрија, каде добивала коктел од антипсихотици, а нејзиното тело почнало „да се гаси“. Докторите прогнозирале дека веројатно смртта е неизбежна.
View this post on Instagram
Три месеци по хоспитализацијата, лекарите ја пронашле вистинската дијагноза за состојбата на луси. Таа пати од ретка болест наречена енцефалитис, воспаление на мозокот што предизвикува невролошки испади, но и смрт.
Цело време мислев дека имам нервен слом, всушност сум била болна. Секој ден сè помалку зборував, не гледав смисла во ништо. На крај станав кататонична – не можев да се мрдам, ни да зборувам, не ги препознавав ни најблиските. Едно време не знаев ни самата која сум, раскажува таа за британскиот весник.
Лекарите почнале со мали дози на електрошок терапија. На нејзиниот 21 роденден третата терапија го разбудила нејзиниот мозок.
View this post on Instagram
Таа се опоравила, но од болницата излегла во инвалидска количка. За време на еден од нападите, таа паднала од кревет и толку силно се изгорила на радијаторот, што го оштетила нервот на едната нога.
Иако оди со помош на патерици, Луси не се предава. Таа успеала да заврши со студиите, но и да стане модел.
Сега, своето искуство со опасната болест го споделува на социјалните мрежи за да помогне секому што ќе се соочи со овој предизвик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.