Поради пандемијата, само со симболично закројување на лозјето лозарите и пријателите на ВИНАРИЈА СКОВИН го прославија православниот празник Свети Трифун. На закројувањето на лозјето присуствуваа дел од лозарите и менаџментот и вработените во компанијата. ВИНАРИЈА СКОВИН ГРУПА како најголема скопска винарија е винарска визба со капацитет од 17,5 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на пет континенти. Нивните вина имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали.
„Се надевам дека годинава што претстои пред нас ке биде подобра во секој поглед, во смисол дека лозјето ке родат подобро грозје, дека временските услови ке ни погодуват за одгледување на лозјето иако се боривме се досега за сушна година стануваше збор, се надевам дека овој снег е берекет.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.