Џозеф Безос и Лорен Санчез, жената поради која најбогатиот човек на светот, ја остави својата сопруга со која беше 25 години, финалето на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, го избраа како настан на кој прв пат се појавија заедно откако јавноста дозна на нивната врска.
Нежностите пред фотографите ги разменуваа само неколку дена откако милијардерот го финализираше разводот вреден 38 милијарди долари со сопругата Мекензи С.Безос, седум месеци откако е откриене нивната афера.
Џеф и Лорен седеле само три реда зад принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а додека се бакнувале и смешкале еден на друг, било јасно дека не им е грижа за туѓите коментари. Тие се познаваат со години, како и нивните семејства кои често се дружеле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.