Леа Паркер од Лондон вели дека е горда што на 25 години ги има „најголемите гради“ во Велика Британија и дека заработува преку 10.000 фунти како модел токму поради нив.

Иако ги сака своите големи гради и ги прифаќа како дел од себе, Леа, сепак, се жали дека секојдневнието и е отежнато.

Како пример таа наведува дека поради градите не може да го дофати воланот од автомобилот, не може да трча и мора да спие со перница на стомакот.

Леа вели и дека некои мажи и даваат негативни коментари дека „нејзината мајка би требало да биде засрамена од ена“, пренесува „Мирор“.

Но, Леа, не дозволува коментарите да ја премислат, бидејќи е горда на своето тело и од него одлично заработува.

Имав пет зафати, првиот го платив сама – наведува Леа, која е висока околу 160 центиметри.

Леа вели дека отсекогаш имала големи гради. Tоа и пречело кога била тинејџерка, но дека сега во целост ги прифатила.

Мажите во мојата индустрија ги обожуваат и големите гради станаа дел од мојот бренд – вели таа.

Леа вели дека има болки во грбот и рамената и дека оди во теретана за да остане силна, но и дека ќе оди на операција за намалување на градите кога ќе престане да се занимава со моделинг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.