Во групата „Фармери“ на Фејсбук граѓани споделуваат фотографии од помор на врапчиња. Велат иста е сутацијата во повеќе делови во Македонија.
Здраво на сите, дали е забележан помор на врапчиња во вашето место на живеење?, пишува на групата на фармери.
Ова се дел од коментарите:
Сабајле и во кумановско има, и во Свети Николе, и во Кичево, се само дел од коментарите“ под фотографиите со поморот од врапчиња во оваа јавна група на Фејсбук „Фармери“.
Прошетајте малку меѓу Струга и Охрид покрај езерото има колку сакаш вакви мртви и тоа од вчера до денес се случува ова“.
Пред некој ден забележав има и тоа полно“.
Инаку во групата дел од граѓаните коментираат и дека ова се случува во повеќе земји низ светот, не само во Македонија, но причината никој не ја знае.
фото: ФБ Фармери
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.