Бившиот студент Остин Херуф (22) верувал дека е „половина човек, половина куче“ кога на 15. август 2016. година ги убил Џон Стивенс и Мишел Мишон, во нивната куќа.
Кога полицијата го пронашла тој ’ржел и го гризел Стивен по лицето.
Харуф, додека разговарал со полицајците, исплукал парче месо од устата. Тогаш признал дека станува збор за „човечко месо“. Судењето на канибалот од Флорида за монструозното убиство на парот требало да почне на 4. ноември оваа година. Според сегашните планови Херуф на суд ќе се брани со лудило, а извештајот на форензичкиот психолог му оди во прилог. Во него се вели дака фактот дека Херуф продолжил да ги гризе своите жртви и кога полицијата му се заканила и се обиделе да го онеспособат со електрошокер и удари по главата сведочи за тоа дека напаѓачот во тој момент бил „активно психотичен“.
Психологот потврдил дека херуф во моментот кога ги нападнал Стивенс и Мишон страдал од тешко биполарно пореметување и акутна манична епизода со елементи на психоза. Адвокатите на Херуф тврдат дека нивниот клиент не се смета за виновен за злосторот бидејќи во во моментот на неговите извршувања не бил во контрола на своето однесување.
Психологот рекол дека Херуф неколку дена пред нападот преку интернет барал значење на зборовите „манија“ и „халуцинации“, а се обидел и да дознае дали е „луд“. Во извештајот исто така се наведува дека Херуф станувал се попараноичен и дека верувал дека во неговата куќа постојат лоши сили. Поради тоа почнал да спие во близина на својата сестра, за да се заштити.
Неколку дена пред нападот Херуф почнал да верува дека е напола човек, а напола куче. Сестрата на напаѓачот рекла дека тие денови се врткал околу блиските грмушки. Почнал да трча за да се зближи со животните, а додала и дека почнал да се вози на задното седиште во автомобилот, како куче.
Прво се мислело дека Остин е под дејство на дрогата „flake”, односно т.н. зомби дрога, меѓутоа токсиколшкиот наод покажал дека имал мало количество THC и лекови кои му биле дадени во болницата. Еден од сведоците рекол дека го соборил Херуф.
„Го фатив за маичката и го повлеков. Ја загуби рамнотежата и падна. Со лице удри во подот“, рекол тој. Полицијата дошла многу бргу после тоа, меѓутоа не успеале ниту со удари ниту со електрошокер да го совладаат убиецот. Херуф за тоа време своите прсти ги држел во устата на Стивенс, додека човекот барал помош – „Помогнете ми. Тргнете го од мене“.
Херуф бил гризнат дури и’ од куче, но ниту тоа не помогнало. Го совладале дури после 20. удари со нога по главата. Во моментот кога Херуф го тргнале од Стувенс виделе дека несреќниот човек е толку многу избоден со нож што му се гледале ребрата, а Херуф меѓу забите имал дел од образот на Стивенс.
Во полицискиот извештај се наведува дека станува збор за брутален злостор, дека на сите страни имало крв и дека на телата се пронајдени сериозни рани. И’ двајцата биле прогласени за мртви на местото на злосторството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.