Македонци во Канбера правеле свадба викендов, а кога соседите повикале полиција поради гласната музика, гостите ги фатиле на оро полициските службеници. Видео снимка од настанот каде полицајците заедно со свадбарите играат оро е објавена на „Сиднеј Маседониан”, заедно со појаснувањето за несекојдневната случка.
На крај на видеото, полицајците заминуваат со ракоплескање.
Инаку, во Австралија по долгите карантини и ригорозните мерки за заштита од вирусот, изминатиот период се олеснети рестрикциите. Дозволени се свадби и забави на кои можат да присуствуваат до 300 лица, а до 30 лица можат истовремено да танцуваат на подиумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.