Нуркачкиот центар Амфора го претстави “Танцот со пастрмките”, документарен филм чија цел е запознавање со вековниот ритуал на мрест на Охридската пастрмка која претставува заштитен знак и синоним за ендемичноста на Охридското езеро и негативниот исход до потполно исчезнување на истата доколку се продолжи со неконтролиран лов.
Документарниот филм се снимаше пет сезони во зима – декември, јануари и февруари во период кога охридската пастрмка доаѓа во плитки води да се мрести. Направени се повеќе од 50 часа снимен материјал и над 300 подводни фотографии. Нуркањата беа изведени во екстремни и ноќни услови со температура на вода од 6 до 7 целзиусови степени во присуство на планктон, струења, заматена и разбранета вода. Сценарио и режија : Милутин Секулоски Сниматели : Тони Нически, Емил Јовановиќ Сниматели под вода : Милутин Секулоски, Митко Јованоски Автор на текст : Милутин Секулоски – Миќо Наратор : Ирена Трајкоска Музика : Николче Мицевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.