Ѕвездата на хит серијата од 90-тите, „Беверли Хилс 90210“, Шенон Доерти во моментов се бори со тешка болест и ја загрижи јавноста со серизноста на здравствената состојба. Неодамна рекла дека веќе подготвува проштални писма за најблиските. Исто така пронашла и песна која сака да и ја свират на последното испраќање, а станува збор за песната „Солзи во рајот“.

Сега тврди дека  подготвила и во што сака да биде погребана.

Знам во што сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан кој го добив од една од најдобрите пријателки пред неколу години. Во него се чувствувам посебно. Сакам да се чувствувам посебно. Сакам да бидам убава. сакам на сите да им останам во најубаво сеќавање. Се трудам последниве месеци и да исправам некои односи, да се извинам на луѓе кои сум ги повредила, свесно или несвесно. Настојувам да живеам со полни гради и да уживам во она малку време што ми остана – рекла Шенон.

Не знам што ме чека кога ќе починам и каде ќе оди мојата душа. И тажна сум, тажна бидејќи нема да можам веќе да ги гледам своите пријатели, да се дружам со нив, да ги прегрнувам и бакнувам. Ама тоа е животот. Морате да прифатите се што ви носи и добро и лошо, заклучува актерката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.