Во Грција мерките против ширењето на коронавирусот ќе бидат постепено укинати, меѓутоа, животот и однесувањето на грчките плажи ќе биде радикално поинаков од тоа на кој жителите и туристите се навикнати.
Научниците тврдат дека вирусот преку вода не се пренесува лесно, но портпаролот на грчкото министерство за здравство и инфектолог Сотирис Циодрас тврди дека пливањето во областите каде нема метеж претставува мал ризик, пренесува порталот Грик Репортер.
Сепак, наведува порталот, важно е тоа што го правиме кога не сме во вода и тоа за грчките власти претставува најголема опасност, поради што сметаат дека е неопходно да се воведат одредени мерки.
Меѓу мерките кои властите ги разгледуваат се поединечно влегување на организирани плажи за да се избегне метеж, чистење на лежалки со посебни дезинфекциски средства по заминувањето на капачите, одржување на дистанца меѓу лежалките и чадорите, резервација на лежалки.
Исто така, плажите дефинитивно уште некое време ќе бидат празни бидејќи не се очекува сезоната да почне пред јуни.
Се очекува дека само туристите од одредени земји ќе може да влегуваат во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.