„Топол оброк за студени денови“ е акција која ги стопли срцата на луѓето кои немаат свој дом. Ресторанот и центарот за настани „Аликас“ со надеж дека ќе поттикнат поголема мотивација во заедницата, им дадоа поддршка на тие на кои што им е најпотребна.

Поделени беа над 100 топли оброци низ целиот град пренесувајќи дека сите имаат поддршка од општеството и заедницата. Тимот ја посети и црквата св. Ѓорѓија во населбата Ѓорче Петров каде што секојдневно доаѓаат лица на кои што им е потребна таа помош и кои се сведоци на човековата добрина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.