Францускиот пророк Нострадамус е евтор на една од најпознатите книги на сите времиња. Во „Пророштвата“ предвидува некои клучни моменти во историјата на човештвото, како што е 11 септември и доаањето на Хитлер на власт во германија.
Според неговата книга, 2019 нема да биде подобра од 2018, како што многумина мислат. Нострадамус предвидел дека токму во 2019 година ќе започне трета светска војна која ќе трае речиси 30 години.
Освен војна, Европа ќе ја погодат разорни поплави, а Северна Америка ќе ја потресе земјотрес.
На Блискиот Исток ќе биде во пораст тероризмот и верскиот екстремизам, тврди Нострадамус.
Сепак, не нè очекуваат само лоши работи. Според неговите рпедвидувања, во 2019 година светските лидери ќе се обединат во борбата против климатските промени, а научниците ќе измислат лек кој ќе ни овозможи да живееме дури 200 години.
Секако, предвидувањата на Нострадамус треба да се земат со резерва, зашто според кеоои предвидувања крајот на светот требаше да се случи во 1999 година, а и малку е нејасно како светските лидери ќе се обединат против климатските промени среде трета светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.