Месната заедница Галичник информира дека ги започнале подготовките за годинешната Галичка свадба.

И на годинешните зет и невеста ќе им го направиме денот незаборавен, притоа одржувајќи ги во живот и чувајќи ги од заборав нашите единствени обичаи! Ги каниме сите вљубени двојки кои решиле да стапнат на лудиот камен годинава, и кои сакаат да си дадат завет пред Бога за Петровден, најдоцна до 30.04.2023 да се пријават на mzgalichnik@gmail.com испраќајќи e-mail со назнака „За избор на зет и невеста”.

Нека ни пишат некој збор зошто сакаат да бидат токму тие младоженците годинава и нека ни испратат фотографии.

Предност ќе имаат оние кандидати кои имаат:
1. Потекло од Галичник (двајцата или едниот),
2. Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога,
3. Учество во активностите на Месната заедница,
4. Ова да им е прв црковен брак.

Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и ќе ја објави најдоцна до 31.05.2023 на веб страницата на Галичник и на официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник, стои во објавата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.