Египетските власти започнаа длабинско чистење на пирамидите и другите историски знаменитости, се со цел да ја добијат битката против ширењето на КОВИД-19! Туристичките места во Египет се сосема празни.

Областа околу познатата пирамида во Гиза, која обично привлекува до 15 милиони посетители секоја година, во моментот е дезинфицирана и стерилизирана од египетските власти, иако самите споменици не се допираат.

Египет ги затвори своите музеи и сите други туристички атракции за јавноста во последните неколку недели, бидејќи потврдените случаи на коронавирусот во земјата се во постојан пораст. Досега, земјата има над 500 позитивни на СОВИД-19, со над 30 смртни случаи. Пријавено е дека неколку случаи се поврзани со туризмот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.