Сопругата на Гагарин почина на 17 март 2020 година, во 85 година од животот. Како и нејзиниот маж Јуриј, Валентина Гагарина го посвети животот на вселената. До заминувањето во пензија работеше во лабораторијата на медицинската секција на Центарот за управување со летовите. Валентина Терешкова, првата жена која леташе во вселената, секоја година задолжително ѝ доаѓаше на роденден на Валентина Гагарина со огромен букет рози.

Како сопруга на првиот космонаут таа го чувствуваше бремето на огромната одговорност. Достојно го носеше до последниот ден“, рече космонаутот Елена Серова.

Валентина Николаевна направи многу за зачувување на споменот на Јуриј Гагарин. Учествуваше во меморијални церемонии, даде придонес за основањето на музејот на Гагарин и ја издаде книгата „108 минути и цел живот“. Но никогаш не даде ниту едно интервју.

 

извор: rbth.com



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.