На 93-годишна возраст почина бардот на македонското новинарство, Свето Серафимов.
Серафимов е роден во Тетово, на 19.07.1928 година. Станал новинар и преведувач. Од 1950 г. целиот свој работен век го минал како уредник и коментатор во Културната и во Надворешно-политичката рубрика на „Нова Македонија“. Постојан дописник бил од Атина и од Бејрут и известувач од многубројни настани во светот. Плоден преведувач на значајни дела од англиски јазик.
Серафимов речиси до крајот на животот се занимавал со преводи. Има преведено повеќе од стотина книги на македонски јазик.
Серафимов ќе биде погребан на гробиштата во скопското село Орешани, денеска, понеделник, на 15 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.