По долготрајно и тешко боледување на шеесет и четири годишна возраст почина судијата од Апелационен суд Скопје, Нуман Лимани.
Лимани е избран за судија на Апелациониот суд Скопје во 2013 година каде што постапуваше по предмети во граѓанскиот и одделот за трговски спорови.
Од 2006 до 2009 година работел како Државен секретар во Министерството за правда, а до 2013 година како Државен советник. Од 1993 до 2006 година работел како адвокат.
Во текот на својата професионална кариера претседавал и бил член на бројни комисии при донесување на суштински законски и подзаконски прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.